Нова книга

"Украдени души" на македонски

Возбудлив трилер сместен во карпестите исландски пејзажи...

"Украдени души" од Ирса Сигурдардотир е нова книга во издание на Антолог, која љубителите на трилери и мистерија ќе може да ја прочитаат на македонски.

Возбудлив трилер сместен во карпестите исландски пејзажи...

Зима, 1945 година. Четиригодишно девојче е затворено во чуден отвор во дворот на својата куќа. Како овој настан, шеесетина години подоцна, во 2006 година, е поврзан со две свирепи убиства - игли во стапалата на телата, детски плач што се слуша во маглата, коски во скриениот бункер за јаглен?

Клиентот на адвокатката Дора Гудмунсдотир сака да ги тужи претходните сопственици на земјиштето на кое се наоѓа неговиот хотел, за кое тврди дека е опседнато од духови. Не верувајќи во натприродни сили, Дора оди во посета на неговиот "њу ејџ" хотел на полуостровот Снајфелснес. Таму, таа и нејзиниот љубовник Матијас стануваат сведоци на една мистерија...

Поврзани

Најнови вести

Коментари