ДЕСЕТ ГОДИНИ "НОВА"

Учениците изведуваа бродвејски спектакли

- Само пред 10 години реформите во образованието беа непопуларни и непожелни. За секоја промена се сметаше дека го загрозува интегритетот на нашиот цврсто поставен, државен, образовен систем.

Навистина беше многу тешко да се создава современ модел на образование во таква стереотипна средина. Таков беше амбиентот во кој го изградивме нашиот постоен дом, ја матуриравме првата генерација ученици на НОВА, денес успешни во својата држава, но и надвор од неа, се здобивме со неколку меѓународни акредитации и станавме лидери во образовната реформа во државата, рече Венера Новаковска, директор на училиштето НОВА, неделата вечерта, во МОБ, на прославата на 10-годишното постоење на гимназијата. Учениците прославата ја збогатија со многу танц, музика и со изведби на повеќе сцени од бродвејски мјузикли. Дел од планираните активности по повод одбележувањето на јубилејот, во мај ќе биде и свеченоста - поставување на камен-темелник на новиот училиштен комплекс.

Поврзани

Најнови вести

Коментари