Претставување пред светската јавност

Три македонски филмови на Филмскиот маркет во Кан

На Канскиот филмски фестивал се претставуваат три најнови македонски долгометражни играни филмови „Кога денот немаше име", „Тајната состојка" и "Година на мајмунот"

На годинашниот Филмски маркет во склоп на Канскиот филмски фестивал се претставуваат три најнови македонски долгометражни играни филмови „Кога денот немаше име", „Тајната состојка" и "Година на мајмунот".

„Кога денот немаше име" е новиот филм на Теона Стругар Митевска, претставен во Arcades 3, во организација на Агенцијата за филм на РМ и во соработка со селс агентот Cercamon и продуцентската куќа Сестри и Брат Митевски.

Дебитантскиот филм на режисерот Ѓорче Ставревски „Тајната состојка", е со проекција на 23. мај со почеток во 12 часот во Палаис Г, организирана од Македонската агенцијата за филм во соработка со селс агентот Wide Management и продуцентската куќа Фрагмент Филм. "Година на мајмунот", најновиот филм на режисерот Владимир Блажевски, ќе има свое претставување на 24. мај (10 часот) во Палаисе, организирано од Агенцијата во соработка со продуцентската куќа Панк Филм.

Краткометражниот филм на Златко Калеников „Железната приказна" пак, ќе биде презентиран во Схорт Филм Цорнер - програма организирана од страна на Канскиот фестивал, а во која филмски професионалци од целиот свет имаат можност да ги претстават своите филмови и да се сретнат со колеги од останатите земји, учесници во програмата, да разменат искуства и знаења, но и да воспостават соработки.

Агенцијата за филм на РМ е дел од павилјонот на земјите од Југоисточна Европа и се преставува на филмскиот маркет. Во текот на овие денови, Агенцијата ја промовира македонската кинематографија, Македонија како дестинација за снимање филмови каде што со правото на поврат на средства во износ од 20 проценти треба да се привлечат странските продукции, можностите за копродукција, промоција на македонските филмски фестивали и други проекти од областа на филмската дејност.
Инаку, македонската малцинска копродукција „Насоки" ќе учествува во програмата „Неизвесен поглед" - "Ун Цертаин Регард". Филмот премиерно ќе биде прикажан на 26. мај со проекции од 11 и 16.30 часот во Дебуссѕ Халл. Покрај официјалната премиера филмот има и две проекции од кои едната беше вчера, а втората е на 22. мај.

„Насоки" е филмски проект во кој Република Македонија учествува со малцински финансиски удел и истиот е копродукција помеѓу Бугарија, Германија и Македонија. Копродуценти од нашата земја се Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од продуцентската куќа Сектори Филм.

Поврзани

Најнови вести

Коментари