Градовите станаа дел од урбана уметничка бајка

Светот полуде по уличната уметност, секој кварт со свое ремек-дело

Уличната уметност во последните години зема се поголем замав, а уличните уметници станаа главни "виновници" за разубавување на сивите градски квартови. Нивната популарност, која секојдневно расте, е доволен доказ дека токму овој вид уметност никако не е за потценување. Секој месец, пак, организацијата Стреет Арт Тодаѕ одбира 7 најдобри мурали во светот и ги споделува со љубителите на уметноста.

1.Fintan Magee

"Чекорење во круг" е име на големиот мурал насликан од страна на австралискиот уличен уметник кој се претставува како Финтан Магее. Тој го нацртал своето уметничко дело за Фестивалот на улична уметност во Ватерфорд, Ирска.

2. Pichiavo

На второто место се шпанските "кралеви" на графити познати како Pichi &Avo, чудесни пријатели и непријатели со своите бескомпромисни слики. Овој шарен мурал, е направен за "POW! VOW! Vorcester", го прикажува Персеј со крилатите сандали на Хермес.

3. Sonny

Во август, Сони го направи ова ремек-дело за фестивалот "Вотерфордски ѕидови" во Ирска. "Електричниот бес" е дел од неговиот инспиративен проект "The The Bone", чија цел е да се соберат средства и да се подигне свест за загрозениот животински свет пред да биде предоцна.

4. Mantra

Францускиот уметник Мантра ја покажува својата класа со овој прекрасен мурал во Виена, Австрија. Направен е за Calle Libre, фестивалот за урбана естетика, Мантра го именуваше своето дело "Виенски пеперутки".

5. Ernesto Maranje
Ова силно и магично дело на американскиот уметник Ернесто Маранжи ја раскажува симболичната приказна за "Носорогот и птицата". Либан презеде огромен број бегалци, додека самата земја се уште закрепнува од граѓанска војна, која во комбинација со недостиг на работни места, ресурси и простор, предизвикува тензии меѓу луѓето од различно потекло. Маранжи насликал џиновски црн носорог на кој стои птица и јаде крлежи од крвавите рани и дури го предупредува на опасност. Муралот служи како потсетник за тоа како разновидноста може да биде корист, а не товар.

6. Wild Driwing
Индонезискиот сликар WD ака Wild Driwing си заработи место во листата, правејќи го импресивниот мурал "Грифин". Тој може да се најде во Арвика, Шведска, а беше направен за фестивалот на улична уметност Artscape.

7. Hopare
Минатиот месец, неверојатниот фестивал Стреет арт он тхе Роц се одржа во Вилар-Фонтен, Франција. Хопаре беше еден од сликарите кои ги покажаа своите вештини за време на овој настан. А, резултатот? Ова прекрасно дело.

Големи мурали и во македонската метропола

Најчесто инспирирана од проблемите со кои се соочува општеството, оваа уметност никнува на секој слободен, доволно голем простор, па ѕидините низ градските населби, најчесто делови од фасади, се претворени во креативен простор. Овој тренд не ја заобиколи ниту нашата метропола, па светски познатиот муралист Векс Ван Хулик неодамна украсуваше фасада во центарот на градот, а се најавуваат и десетици нови...

Поврзани

Најнови вести

Коментари