Гостување

Струмичкиот театар на фестивал во Турција, Шпанија и Русија

Претставите „Камин" и „Таа" во режија на актерот и режисер Васил Михаил на 22 март ќе бидат одиграни пред публиката во Анталија, Турција, како и во Денија, Шпанија, во рамките на фестивалот кој ќе трае од 1 до 10 јуни.

Народниот театар „Антон Панов" од Струмица ќе учествува на меѓународните фестивали во Турција, Шпанија и во Русија.

Претставите „Камин" и „Таа" во режија на актерот и режисер Васил Михаил на 22 март ќе бидат одиграни пред публиката во Анталија, Турција, како и во Денија, Шпанија, во рамките на фестивалот кој ќе трае од 1 до 10 јуни. Претставата „Мурлин Мурло" во режија на Ана Батева, пак, од 20 до 30 јуни ќе гостува во Екатеринбург, Русија.

Според директорот на театарот Драган Маџиров, гостувањата се голем успех за овој мал театар.
"Се надеваме дека нашите претстави ќе бидат одлично примени на овие меѓународни фестивали. Ова е навистина голем успех за нашиот театар, кој според големината е еден од помалите.

Искуствата секако дека ќе бидат добредојдени, како за актерите, така и за Струмичкиот театар и во остварување контакти и соработка со други театарки куќи. Заслугата за меѓународнната промоција е на целиот тим на нашиот театар", рече Маџиров.

Тој соопшти и дека Центарот за култура „Антон Панов" ќе го одбележи 27 март - Светскиот денот на театарот, а денеска ќе се одигра претставата „Камин" во Завод за рехабилитација „Бања Банско".

Поврзани

Најнови вести

Коментари