Имаат своја историја...

Стари се илјадници години, но во нив се уште се живее

Ширум земјината топка се наоѓаат најразлични градби кои му пркосат на забот на времето стотици, па и илјадници години, а во некои од нив се уште се живее. Ви ги претставуваме неверојатните градби кои ја сочуваа архитектурата низ вековите, а и ден- денес се дом на бројни семејства

Матера, Италија

За италијанскиот град Матера изграден во карпи во оддалечениот јужен регион Базилика, се вели дека е единственото место во светот каде што луѓето може да се пофалат дека се уште живеат во иста куќи како и нивните предци од пред 9.000 години.

Кандован, Иран

Кандован, во северозападниот дел на Иран, е најголемиот пештерски град во светот. Стар е најмалку 800 години и денес е дом на 168 семејства кои живеат во чудни куќи изградени во вулкански карпи.

Аверон, Франција

Древните куќи во Аверон во Франција датираат од 13 век и се препознатливи по тоа што секој кат е поголем од претходниот.

Мејменд, Иран

Древно пештерско село Мејменд во Иран е постојано населено повеќе од 3.000 години. Според последните мерења од 2006 година, населението брои 673 лица, членови, кои тука се борат да ги преживеат студените зими и суви лета.

Акомо Пуебло, Ново Мексико

На врвот на карпите во Ново Мексико се наоѓа Акомо Пуебло, за кое се верува дека е најстарата населена населба во Северна Америка. Окупирана од страна на народот Акома во 1150, денес има население од само 50 жители, кои тука живеат без вода, струја и канализација

Киркјубоур, Фарски Острови

Киркјубоур на Фарските Острови е една од најстарите населени дрвени куќи во светот, која датира од 11 век. Во моментов тука престојува 17. генерација на семејството Патурсон, кои тука живееат од 1550 година.

Салтфорд Манор, Англија

Салтфорд Манор, камена куќа во британскиот регион Сомерсет, е најстарата постојано населена приватна куќа во Англија. Таа била изградена пред 1150 година, и беше продадена на новите сопственици во 2010 година за неверојатни 1,2 милиони фунти.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари