Во Прилеп

Со комедијата "Чик" стартува фестивалот на новиот германски филм

На програмата се и „Тони Ердман" на Марен Аде, како и „Херберт" на Томас Штубер.

Со проекција на комедијата „Чик" во режија на Фатих Акан, вечер во Прилеп почнува Фестивалот на новиот германски филм.

На отворањето во киното „Мис Стон" ќе присуствуваат претставници од Германската амбасада.

Фестивалот ќе трае до 14 октомври, а традиционално го реализира Центарот за култура „Марко Цепенков" во соработка со Германската амбасада.

На програмата се и „Тони Ердман" на Марен Аде, како и „Херберт" на Томас Штубер.

Поврзани

Најнови вести

Коментари