Филм

Шварценегер во шестиот "Терминатор"

Американскиот актер со австриско потекло и поранешен гувернер на Калифорнија, Арнолд Шварценегер, ќе учествува во шестото продолжение од филмската франшиза "Терминатор".

"Во март следната година ќе се приклучам на снимањето на "Терминатор". (режисерот) Џејмс Камерон и (продуцентот) Дејвид Елисон се враќаат во екипата", открил Арнолд Шварценегер, кој на 30 јули наполни 70 години.

Камерон ја потврди својата одлука да го сними шестиот дел од научнофантастичниот трилер и изјави дека Шварценегер нема да ја толкува улогата на терминаторот, туку на неговиот прототип - човекот.

Поврзани

Најнови вести

Коментари