По премиерата во Сараево

"Сенките над Балканот" од октомври во Македонија

По големиот успех на сериите "Ќе се вратат штрковите" и "Монтевидео", Драган Бјелогрлиќ овој пат се претставува со драматичен трилер за еден турбулентен период од крајот на дваесеттите години на минатиот век.

Новата серија на продуцентот и режисер Драган Бјелогрлиќ, "Сенките над Балканот", од октомври ќе се емитува на националните телевизии во Србија, Македонија, Босна и Херцеговина, Словенија, Црна Гора и Русија.

Премиерата, пак, ќе биде прикажана следната недела на 23. Сараевски филмски фестивал (СФФ), а посетителите ќе имаат можност на 16 август, да ја видат првата (пилот) епизода од серијалот.

По големиот успех на сериите "Ќе се вратат штрковите" и "Монтевидео", Драган Бјелогрлиќ овој пат се претставува со драматичен трилер за еден турбулентен период од крајот на дваесеттите години на минатиот век.

Балканот како простор во кој се вкрстуваат високата политика, локалните интереси, капиталот и криминалот е амбиент во кој се одвива оваа серија.

Покрај Бјелогрлиќ, кој ја игра главната улога, во "Сенките над Балканот" ќе ги видиме и Андреј Кузмановиќ, Гордан Кичиќ, Жарко Лаушевиц, Марија Бергам, но, исто така, и меѓународата екипа која се состои од познатите руски актери Александар Галибин и Андреј Зибров, како и Горан Богдан, Бојан Навојец, Тони Михајловски и Петар Арсовски.

Сценариото за оваа серија, според филмската приказна на Стеван Копривица, е напишана од страна на Даница Пајовиќ, Дејан Стоиљковиќ, Владимир Кецмановиќ и Драган Бјелогрлиќ, а музиката и овој пат е потпишана од страна на Мањифико.

Поврзани

Најнови вести

Коментари