Бизарна смрт на познати актери

Се удавила во ВЦ школка, хеликоптер му ја пресекол главата...

Една од најголемите мистерии на сите времиња е смртта на Натали Вуд. Убавата актерка во ноември 1981 година заминала на крстарење со нејзиниот сопруг, Роберт Вагнер, колегата Кристофер Вокен и капетанот Денис Даверн. Под до сега неразјаснети околности, Натали среде ноќ паднала во морето, а нејзиното тело било пронајдено следниот ден, околу 1.600 метри од бродот...

Натали Вуд се удавила под мистериозни околности, на снимањето на филмот "Зона на самракот" хеликоптер убил тројца актери... Секогаш смртта на познати личности привлекувала многу внимание, особено доколку со причина или не, е обвиткана со мистерија. Сепак, некои од начините на кои завршиле животите на холивудските актери, навистина се бизарни и тешко е да се поверува дека тие навистина се случиле, а не се сценарио за некој филм.

На пример, Рамон Новаро, кој бил еден од најголемите секс симболи на Холивуд, е убиен во 1968 година на ѕверски начин. Новаро, кој бил геј, често ги користел услугите на локалната агенција за деловна придружба од Лос Анџелес, а кога на неговата врата се појавиле браќата Том и Пол Фергусон, актерот ништо не се посомневал и тоа го платил со глава.

Браќата Фергусон го мачеле Рамон, затоа што мислеле дека во куќата има скриено голема сума на пари. Том и Пол го претепале Новаро, а тој е пронајден со модринки и рани по целото тело, вклучувајќи ги и гениталиите. Урбаната легенда вели дека во неговата уста бил пронајден голем дилдо кој на времето му го дал Рудолф Валентино ...

Мари Провост, пак, која била ѕвезда на немиот филм, како и на многу од нејзините колешки, преминот на звучен филм и ја уништил кариерата. Таа се посветила на алкохолот, а во 1937 година била пронајдена мртва во својот стан. Полицијата пронашла морничава глетка - телото на несреќната актерка речиси целосно било изедено од нејзиното изгладнето куче чие лаење го вознемирило соседите.

Актерката Лупе Велез, пак, на врвот на својата слава била кон крајот на триесеттите години на минатиот век, а јавноста била шокирана кога во 1944 година, таа се самоубила. Според официјалната верзија, Лупе проголтала 75 апчиња на силниот барбитурат "Секонал", а слугинката ја нашла на креветот, во нејзината спална соба.

Сепак, постои и алтернативна теорија, која во 1959 година ја објавил Кенет Ангер во својата книга "Холивуд". Тој тврди дека на Велез и се слошило од испиените апчиња и дека повраќала над тоалетната школка, по што наводно се онесвестила и се удавила во школката.

Виктор Мороу загинал на навистина неверојатен начин во 1982 година за време на снимањето на филмот "Зона на самракот". Во пустината Мороу, заедно со две деца актери, се снимала сцена од војната во Виетнам. Било предвидено хеликоптерот да лебди над нив на висина од седум метри. Но, експлозијата на пиротехниката го оштетила авионот, кој се урнал врз Мороу и децата и ги убил на самото место. За да бидат работите уште полоши, пропелерот од хеликоптерот го обезглавил Мороу и едното дете...

Сепак, една од најголемите мистерии на сите времиња е смртта на Натали Вуд. Убавата актерка во ноември 1981 година заминала на крстарење со нејзиниот сопруг, Роберт Вагнер, колегата Кристофер Вокен и капетанот Денис Даверн. Под до сега неразјаснети околности, Натали среде ноќ паднала во морето, а нејзиното тело било пронајдено следниот ден, околу 1.600 метри од бродот. Утврдено е дека Натали има модринки на телото и рацете, како и гребнатини на лицето. Официјално, Вуд под дејство на алкохол паднала во вода и умрела од давење и хипотермија.
Во оваа приказна ретко кој поверувал, а вистински хаос настанал кога капетанот на едрилицата Даверн во 2011 година изјавил дека ја лажел полицијата и дека таа кобна вечер Вагнер и Натали жестоко се скарале. Истрагата била повторно отворена, а наодот од обдукцијата е сменет и гласи: "Натали Вуд умре од давење и останати неутврдени фактори".

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари