Атрактивната програма продолжува

Рок симфонија крена на нозе над две илјади гости во Битола

Денес и утре во рамките на Битфест од 16 до полноќ во Старата битолска чаршија ќе се одржи "Трпеза Филм Фестивал 2017 (трето издание)", фестивал посветен на филмови за храна. На пладне пак, во Буковскиот манастир се одржуваат "Денови на Ростковски" во организација на Регионалното здружение за македонско - руско пријателство „А.А Ростковски".

"Исклучителен настан, прекрасна атмосфера и огромен интерес за новата Рок симфонија на Битолскиот камерен оркестар".

Вака накратко може да се опише завчерашниот настан во Битола во рамките на Битфест. Како што велат организаторите на Битфест, над две илјади гости од сите генерации, уживаа во прекрасната програма на „Рок симфонија" во изведба на Битолскиот камерен оркестар, заедно со Михајло Трајковски - Сак, Жарко Јакимоски, Боби Мојсовски, Буттелион Цлассиц Цхорус и специјалниот гостин, Влатко Стефановски.

Веќе викендов се најавуваат нови атрактивни содржини.

Така, денес и утре во рамките на Битфест од 16 до полноќ во Старата битолска чаршија ќе се одржи "Трпеза Филм Фестивал 2017 (трето издание)", фестивал посветен на филмови за храна.
На пладне пак, во Буковскиот манастир се одржуваат "Денови на Ростковски" во организација на Регионалното здружение за македонско - руско пријателство „А.А Ростковски".

Утревечер пак, во 20 часот во Завод и музеј - Битола ќе се одржи Музичко-поетска вечер со музиката и поезијата на Мирјана Стојановска - поетеса и Мери Кафкалева - професор по клавир.
Во 20 часот љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност во салонот на ДЛУБ да ја проследат изложбата на слики и цртежи од Мирјана Бубевска и Маја Ковачевска...

Поврзани

Најнови вести

Коментари