ЦК "Бели мугри"

Реконструкција на Кочанскиот културен центар

Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во 1950 година.

Со буџетски средства на Министерството за култура ќе се реконструира зградата на Центарот за култура „Бели мугри" во Кочани.

Градежните работи ќе се реализираат во две фази. Во првата ќе се реконструираат дрвенаријата и фасадата на Центарот, а во втората фаза внатрешноста на Центарот, кој е изграден во 1950 година.

- Според планирањата, се надевам дека до крајот на оваа година ќе го завршиме првиот дел, односно надворешниот, кој ќе опфати целосна реконструкција на фасадата, на покривот, столаријата и сите делови коишто припаѓаат во надворешниот дел од Центарот. За следната година се надевам дека ќе почнеме со реконструкција и на внатрешниот дел, така што кочанци за кратко време ќе добијат еден убав објект во центарот на градот, кој навистина ќе го носи епитетот Центар за култура, рече Кристина Атанасова-Арсова, директор на ЦК „Бели мугри" Кочани.

Во втората фаза е планирано целосна реконструкција на внатрешниот дел на Центарот, на сите канцеларии, сцената, промена на столчињата, осветлувањето, озвучувањето.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари