Се откажал од својот сон

Раде Шербеџија не сакал да стане актер, туку писател?!

Светски познатиот актер Раде Шербеџија не сакал да стане актер, туку сакал да студира литература и да биде поет и писател. Тој читал многу, а потоа напишал и прва книга песни. Тој престанал да пишува во 1997 година, кога починала неговата мајка

Раде Шербеџија (70) откри дека тој никогаш не сакал да стане актер.

Тој раскажал како сакал да студира литература и да биде поет и писател, и тоа била неговата страст од раното детство.

- Сакав да одам во Белград за да студирам литература. Тогаш бев со една девојка, и кога се скаравме таа отиде во Белград, а јас отидов на Загреб. Тука ме убедија да станам актер- изјавил Шербеџија во интервјуто за Pulsonline.

Тој читал многу, а потоа напишал и прва книга песни. Тој престанал да пишува во 1997 година, кога починала неговата мајка.

Шербеџија кажа дека тогаш нешто во него сосема исчезнало.

Минатиот месец, придружуван од бенд " Zapadni kolodvor" одржа концерт под наслов: "Не плашете се, вие не сте сами" во концертната сала Лисински.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари