По само 5 минути

Публиката запре премиера на Канскиот фестивал!

Премиерата на филмот „Окја" на Канскиот филмски фестивал, беше прекината само пет минути по почетокот, поради извиците на негодување на публиката во салата.

Ваквата реакција на публиката претставуваше израз на револт и знак на протест затоа што продуцентот на филмот, компанијата „Нетфликс", одби да го прикажува остварувањето низ киносалите во Франција.

Публиката го исвирка логото на „Нетфликс" кое се појави на екранот, по што продолжи со негодувањата, па филмот беше прекинат. Сепак, набрзо потоа, без никакво објаснување, филмот беше повторно емитуван од почеток.

Главните улоги во „Окја", кој е оценет како едно од најконтроверзните остварувања на овогодишниот Кански фестивал, ги толкуваат Тилда Свинтон и Џејк Гиленхал.

Поврзани

Најнови вести

Коментари