Благодарение на научници од Египет

Пронајден еден од најважните ракописи во историјата

Научници од Египет пронашле ракопис за кој сметаат дека е оригинален текст напишан од таткото на западната медицина Хипократ.

Научници од Египет пронашле ракопис за кој сметаат дека е оригинален текст напишан од таткото на западната медицина Хипократ.

Ракописот испишан на иструган пергамент, кој е откриен во текот на реставрација на библиотеката во манастир „Св. Катерина" во Јужен Синај, создржи рецепт за лек што му се припишува на Хипокрит,

Рецептот е пронајден при скенирање на друг ракопис испишан преку оригиналниот текст.

Станува збор за пергамент на кој последниот ракопис е стар најмалку 1500 години и тој ќе биде меѓу најстарите и најважните ракописи во светот, изјави професорот Мајкл Филипс.

Тој додава дека засега се уште не се знаеза каков рецепт станува збор, но нагласува дека покрај текст на пергаментот има и цртежи на билки.

Монасите пишувале преку него, најверојатно затоа што пергаментот во почетокот на новата ера бил многу скап.

Поврзани

Најнови вести

Коментари