Вевчански карневал

Промоција на романот „Пред шарени врати"

Вевчанскиот карневал „Василичари" ќе биде отворен на 13 јануари на пладне кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала, заедно со сите маскирани ќе продефилираат низ улиците и ќе ги претстават маските, кои најчесто се инспирирани од актуелните случувања што ја одбележаа тековната година

Во рамките на активностите на Вевчанскиот карневал 2017, вечер ќе биде промовиран романот „Пред шарени врати" од Косте Шутиноски. Промотор на делото ќе биде струшкиот писател Петко Шипинкаровски.

На фестивалската програма утре е отворање на изложбата на академскиот сликар Ниче Василев, а вечерта почнува музичкиот дел од програмата со концерти на Нокаут, ДНК и Фрајле.

Вевчанскиот карневал „Василичари" ќе биде отворен на 13 јануари на пладне кога двете василичарски друштва Горна и Долна маала, заедно со сите маскирани ќе продефилираат низ улиците и ќе ги претстават маските, кои најчесто се инспирирани од актуелните случувања што ја одбележаа тековната година. Во вечерните часови вевчанци и гостите ќе ги забавуваат Ефто Пупиноски и Анета Наковска. Традиционалното палење на маските ќе биде наредниот ден, со што завршуваат вевчанските василичарски денови.

Карневалот во Вевчани е една од најпознатите карневалски манифестации на Балканот, која според специфични особини се одвојува од останатите во светот поради својата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски

Поврзани

Најнови вести

Коментари