Матица македонска

Промоција на Пораки од Поп-Јорданова

Во ова дело авторката отвора многу прашања, актуелни за современото живеење и воедно дава едноставни, конкретни и концизни одговори.

Во Паркот на Книгите денеска (19 часот) ќе биде промовирана најновата книга од академик Нада Поп-Јорданова "Пораки за животот, здравјето, проблемите...".

Во ова дело авторката отвора многу прашања, актуелни за современото живеење и воедно дава едноставни, конкретни и концизни одговори.

Како да ја развиеме емоционалната интелигенција кај младите, дали перфекционизмот е болест, за синдромот на недостиг на внимание, за семејното функционирање, за несоницата на нашето време, дали стравот е само одбрана или..., како да го подобриме емоционалното здравје...

Книгата е наменета за децата и младите, за возрасните и за старите. Едноставно ова е книга за секого.

Промотор на "Пораки" ќе биде акад. Катица Ќулафкова.

Поврзани

Најнови вести

Коментари