Во библиотеката "Браќа Миладиновци"

Промоција на книгата „Тело одречено од пливање"

Поетската книга на Митко Апостолов насловена „Тело одречено од пливање", ја доби наградата „Антологија на болката" на годинашните Рациновите средби.

Градската библиотека „Браќа Миладиновци" вечер од 19 часот организира промоција на дебитантската поетска книга на Митко Апостолов насловена „Тело одречено од пливање", која ја доби наградата „Антологија на болката" на годинашните Рациновите средби.

Митко Апостолов е роден 1987 година во Тетово. Дипломирал на Машинскиот факултет-Скопје. Негови песни и кратки раскази се објавени во списанијата „АКТ" и „Чивилук".

Бил учесник на меѓународни книжевни средби и е застапен во антологии на поезија од помлади автори. Учествувал на повеќе поетски читања.

Во 2016 година настапил на 15. Меѓународна книжевна средба во Велење, Словенија, каде е објавен во антологијата на словенечки јазик „Фестивал на антологија на изворна и преведена европска поезија на 21 век"

Поврзани

Најнови вести

Коментари