Награда „Даница Ручигај"

Признание за поетесата Миркуловска

Наградата на Бистрица Миркуловска и е доделена за стихозбирката „Фатаморгана" објавена во издание на „Академски печат" од Скопје

Поетесата Бистрица Миркуловска е добитничка на наградата „Даница Ручигај" што ја доделува Друштвото на писателите на Македонија за најдобра стихозбирка од авторка, членка на македонската писателска асоцијација.

Наградата на Бистрица Миркуловска и е доделена за стихозбирката „Фатаморгана" објавена во издание на „Академски печат" од Скопје. Признанието ќе биде врачено на манифестацијата „Празникот на липите" што ќе се одржи во средината на јуни.

Бистрица Миркуловска е доајенка на ДПМ. Родена е во 1930 година и е автор на повеќе од 20 стихозбирки.

Покрај поезија, пишува и проза, литература за деца, а активно се занимава и со превод. Својот работен век го помина како професор по словенечки јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески" во Скопје. Член на ДПМ е од 1971 година

Поврзани

Најнови вести

Коментари