Театар за деца и младинци

Премиера на "Пепелашка" во режија на Деан Дамјановски

Нашата "Пепелашка" поаѓа од бајката на Шарл Перо, Браќата Грим и користи мотиви од некогашната адаптација на "Дизни".

Во Театарот за деца и младинци - Скопје, утре (22 јуни) премиерно ќе биде изведена претставата "Пепелашка" од Шарл Перо, во режија на Деан Дамјановски и драматизација на Горјан Милошевски.

Нашата "Пепелашка" поаѓа од бајката на Шарл Перо, Браќата Грим и користи мотиви од некогашната адаптација на "Дизни".

Претставата се базира врз авторскиот поглед на младиот драмски автор Горјан Милошевски , изведен според режисерската визија на Деан Дамјановски и надграден со актерската игра на Наташа Петровиќ (како Пепелашка) и Ненад Митевски (како Принцот), понатаму, Катерина Илиевска-Силјановска (маќеата), Симона Спировска (Анастасија), Емра Куртишова (Дризела), Мартин Јорданоски (слугата Меклелеј), Бојан Кирковски (глушецот Попс), Владимир Лазовски (Кралот), Ана Левајковиќ (самовилата Мирабел), Марија Ѓорѓијоска (глувчицата Бабл) и Мики Анчевски (песот Бакстер).

Поврзани

Најнови вести

Коментари