По 53. пат

Повик за учество на ДАФ во Кочани

Пријавувањето за учество на фестивалот ќе трае до крајот на овој месец, а селекторот Спасов на почетокот на месец мај ќе ги соопшти учесниците.

Годинашното 53. издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија ќе биде одржано во Кочани од 29 мај до 3 јуни, а средиштето на настаните ќе биде во Националната установа Центар за култура "Бели мугри".

Селектор на годинашниот ДАФ е Дарко Спасов, драматург.

"Подготовките за годинашното издание на ДАФ веќе се започнати. Го објавивме огласот за пријвување за учество на фестивалот и досега на фестивалската адреса се пријавија триесетина анснамбли од Македонија и од странство. И годинава фестивалот ќе има меѓународен карактер, а ќе бидат доделени повеќе награди", изјави Благој Пенов, директор на ДАФ.

Пријавувањето за учество на фестивалот ќе трае до крајот на овој месец, а селекторот Спасов на почетокот на месец мај ќе ги соопшти учесниците.

Поврзани

Најнови вести

Коментари