И официјално

Погледнете ги првите фотографии од седмата сезона на "Игра на тронови"

Првата од од осумте епизоди на седмата сезона ќе биде емитувана на 16 јули, по година и половина пауза.

HBO го објави првите официјални фотографии на седмата, претпоследната сезона на "Игра на тронови".

Шестата сезона заврши така што Серсеи конечно дојде до Железниот трон, Џон Сноу е прогласен за нов господар на Зимоврел, а Данерис тргна во Вестерос да се обиде да го заземе престолот за кој верува дека и припаѓа. 

Првата од од осумте епизоди на седмата сезона ќе биде емитувана на 16 јули, по година и половина пауза.

Досегашните сезони обично ја имаа својата премиера во април, а седмата е одложена бидејќи приказната бараше подолг период на снимање во зимски услови.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари