Поетесата Марта Маркоска гостин на културна манифестација во Пиеве Ди Солиго

Поетесата Марта Маркоска ќе учествува на културната манифестација „Тера Миа" што се одржува во Пиеве Ди Солиго во Италија.

Освен Маркоска, која е единствена гостинка од Македонија, на манифестацијата ќе учествуваат претставници од Сенегал, Мароко и Бангладеш.

Целта на одржувањето на овој настан, кој слави втора година од своето постоење е подобра интеграција на македонскот јазик, македонските култура и традиција на територијата на Пиеве Ди Солиго каде има бројно македонско население.

Во мноштвото придобивки од оваа средба е подобрувањето на економската соработка меѓу земјите учеснички и Италија. На 15 октомври ќе се одржи конференција на тема „Заеднички заложби за економски и социјален развој на нашите заедници".

Поврзани

Најнови вести

Коментари