In memoriam

Познатиот режисер на хорор филмови Џорџ Ромеро ја изгуби битката со ракот

Неговата сопруга соопшти дека Ромеро ја загуби својата „куса, но агресивна борба со ракот на белите дробови".

Американскиот режисер Џорџ Ромеро, познат по неговите хорор филмови, почина на 77 годишна возраст.

Неговата сопруга соопшти дека Ромеро ја загуби својата „куса, но агресивна борба со ракот на белите дробови".

Тој е автор на легендарниот серијал за т.н. зомби филмови, што започна со „Ноќта на живите мртовци" (1968). Важеше за „револуционер" во областа на тој хорор жанр. Неговите зомбија беа повеќе од обични канибали, тие беа метафори на конформизмот, расизмот и класните разлики.

Првиот негов зомби филм се смета за своевидна критика кон расизмот во САД, бидејќи единствениот црномурест преживеан од борбата со „немртвите" беше застрелан од спасувачите.

Самиот Ромеро во повеќе наврати велеше дека не би работел на хорор филмови, доколку ја немал можноста во нив да ги изразува своите политички погледи и пораки.

Поврзани

Најнови вести

Коментари