Синедејс најавува богата филмска програма

Победници од Кан и Венеција доаѓаат во Скопје

Засега е најавен само концертот на њујорчаните "ЧкЧкЧк" кој ќе се одржи на 13 ноември.

Годинешното 16-то по ред издание на Фестивалот на европски филм CINEDAYS, кое годинава ќе се одржи од 9 до 19 ноември во Скопје, најавува богата програма во која веќе се договорени победникот на канскиот филмски фестивал како и победникот на венецискиот филмски фестивал.

Се работи за филмовите, "The Square" на Рубен Естлунд, добитник на Златната палма на Канскиот филмски фестивал, како и за филмот "The Shape of Water" на Гуиллермо дел Торо добитник на Златен лав на неодамнешниот престижен филмски фестивал во Венеција.

Фестивалот CINEDAYS, кој се одржува во организација на Младинскиот културен центар, оваа година најавува неверојатно богата и квалитетна филмска програма. Организаторите најавуваат дека по квалитет, разноликост и содржина нема да заостане ниту музичката програма.

Сепак, додаваат дека засега е најавен само концертот на њујорчаните "ЧкЧкЧк" кој ќе се одржи на 13 ноември.

Поврзани

Најнови вести

Коментари