Сиена Милер:

Плачев заради еротските сцени со Бен Афлек!

Актерката Сиена Милер, која за потребите на филмот „Live By Night" дури девет часа снимала сцени со водење љубов со Бен Афлек, за магазинот „Е! Њуз" првпат јавно проговори за своето искуство од ова снимање.

 

- Снимавме насекаде. Во автомобил, во кафуле... Цел ден беше резервиран за љубовните сцени. По девет часа снимање почнав да се тресам и солзи сами почнаа да ми течат, изјави Милер.

Таа нагласи дека ваквата нејзина реакција не треба да се сфати погрешно, бидејќи со Афлек се „во многу добри односи".

- Ние сме како брат и сестра. Немаше непријатност, само глупаво смеење. Тој е голем професионалец за разлика од мене, додаде Милер.

Во филмот „Live By Night", Сиена ја толкува улогата на Ирката Ема Гоулд во која страстно се вљубува главниот лик кој го толкува Афлек.

Најнови вести

Коментари