Нова книга

„Пчелки на ролерки" од Маказлиева

Полна со хумор, како мозаик од песни кои се драмски реплики од една голема хумористична драма, книгата е вистинско поетско доживување преку галерија ликови на животни, птици, инсекти, растенија...

„Пчелки на ролерки" е наслов на најновата поетска книга за деца од авторката Ели Маказлиева.

Делото содржи нови иновативни поетски жанрови од песна-расказница до песна-веселница.

Полна со хумор, како мозаик од песни кои се драмски реплики од една голема хумористична драма, книгата е вистинско поетско доживување преку галерија ликови на животни, птици, инсекти, растенија...

"Пчелки на ролерки е вистинска оаза на поетско доживување, преку виртуозни персонификации, метафори, рими,еуфонии, кованици, неологизми- Маказлиева со оваа книга покажа колку блескаво владее со виртуозноста на стихот кој ја усовршува културата на говор кај децата и го збогатува јазичниот фонд низ многу смеа, низ вистинска слатка медовина како духовно-едукативна наслада...", напиша меѓу другото рецензентката проф.д-р Кристина Николовска.

Поврзани

Најнови вести

Коментари