Викендов

"Патување низ епохите" во Битола

В недела во 20 часот, пак, во Старата битолска чаршија, во рамките на Битфест ќе настапи и групата "Паркети".

"Патување низ епохите" е наслов на концертот кој вечерва во 20 часот ќе се одржи во Заводот и музеј Битола.

Се работи за концерт на класична музика на кој ќе настапат Злата Тошевска, Маја Божиновска и Марко Димовски.

Два часа претходно (18 ч) во НУ Народен театар - Битола ќе се одржи 18-ти Интернационален музички фестивал "ТРА ЛА ЛА". Во 22 часот на широк сокак ќе се одбележи светскиот ден на младите во организација на Креативен центар за млади.

В недела во 20 часот, пак, во Старата битолска чаршија, во рамките на Битфест ќе настапи и групата "Паркети".

Поврзани

Најнови вести

Коментари