Ретко но се случува...

Овие филмови се подобри од книгите по кои се снимени?!

Најчесто се вели дека книгата е подобра од филмот, бидејќи во нив се истакнати детали кои во филмот речиси се губат. Сепак, има и филмови кои со својот квалитет и популарност успеале да ги надминат книгите според кои биле снимени. Ви претставуваме некои од нив...

„Боречки клуб" (1999)

„Боречки клуб" е американски филм во режија на Дејвид Финчер, а направен е според истоимениот роман на Чак Поланик од 1996 година. Главните улоги ги имаат Бред Пит и Едвард Нортон. Филмот стана исклучително популарен, а има и своја армија на обожаватели. Оваа психолошка драма со својата нешаблонска црта направила голем исчекор во однос на книгата.

„Казино Ројал" (2006)

Даниел Крег за миг ја освои публиката во улогата на најпознатиот таен агент 007. „Казино Ројал" му го претстави Бонд на светот во ново, малку мрачно издание и во пореално светло под кое тој е ранлив и подложен на многу длабоки кризи на својата личност. Поради тоа, но и поради излегувањето од рамките на книгите, со продлабочувањето на врската меѓу Бонд и Веспер, филмот го надмина романот.

„Саати" (2002)

Филмот „Саати" ја надмина книгата која добила Пулицерова награда. Читателите со право биле загрижени поради начинот на кој филмот ја пренесува уметничката црта на ремек-делото, но екранизираната верзија ги надминала нивните очекувања. Никол Кидман добила Оскар, а ветеранката на Холивуд, Мерил Стрип исто така брилијантно ја изведува улогата.

„Милионер од гетото" (2008)

Неверојатната и трогателна животна приказна за малиот Индиец кој победува во квизот „Милионер", одговарајќи на прашањата благодарение на среќата и тешкото животно искуство. Филмското остварување е базирано на романот на Викада Сварупа. Младите глумци Дел Пател и Фрида Пинто перфектно ги изнеле улогите и со тоа ја дополниле оваа прекрасна приказна.

„Друштвена мрежа" (2011)

Кога е направен филмот за животниот пат на основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг, многумина го дочекале скептично. Направен е според книгата на еден дипломец од Харвард, Бен Мекрих. Филмот е подобар од книгата поради објективноста. Додека романот прикажува еднострана приказна која го критикува Цукерберг, а го фаворизира неговиот колега, ко-основачот на Фејсбук, Едуардо Саверин, филмот и режијата на Дејвид Финчер ја прикажува целата слика и дава одличен увид во животот на младиот милијардер и основач на најпопуларната друштвена мрежа.

Најнови вести

Коментари