Фестивалско претставување

„Ослободување на Скопје" во Палм Спрингс

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и поддржан од Еуримаж.

Филмот „Ослободување на Скопје" во режија на Раде и Данило Шербеџија е прикажан на 28 Филмски фестивал во Палм Спрингс, Калифорнија, како дел од програмата „Ањардс Бузз Фест Фореигн Лангуаге Филм", соопшти продукцијата „Партизанс".

Филмот имаше проекција на 9 јануари, а втората прокеција ќе биде одржана денеска на 11 јануари 2017 година во киното Регал. По првата проекција, филмот беше прифатен со одлични реакции и публиката имаше можност да му поставува прашања на режисерот Данило Шербеџија, соопшти „Партизанс".

Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска, финансиран од Агенцијата за филм на Македонија и поддржан од Еуримаж.

Главните улоги ги играат: Давид Тодосовски, Силвија Стојановска, Раде Шербеџија, Луција Шербеџија и Небојша Глоговац

Поврзани

Најнови вести

Коментари