Проекти за развој на филмската култура

Онлајн платформа „Синесквер" и дистрибуција на „Малиот гангстер"

Платформата ќе биде промовирана и во рамките на македонскиот ден на штандот на Југоисточна Европа во рамките на Филмскиот фестивал во Кан - рече Ѓоргоска-Иливска. Благодарение на овој проект филмофили од Југоисточна Европа ќе можат во секое време да ги гледаат бисерите на македонската кинематографија, како и филмови од целиот Балкан.

Агенцијата за филм на Република Македонија, дистрибутерската куќа „Катавеј" од Скопје и Медиа Програмата во Македонија денеска го промовираа големиот меѓународен проект во кој Р.Македонија е носител, а се состои од кино и онлајн дистрибуција на холандската детска комедија „Малиот гангстер", која од денеска 20 април ќе биде прикажана во неколку десетици киносали во Македонија, Хрватска и во Албанија, синхронизирана на јазикот на земјата каде се прикажува и истовремено на Video on Demand платформата Cinesquare.net.

Проектот е финансиран од МЕДИА програмата „Креативна Европа". Во Македонија ќе се прикажува во 22 општини (Скопје, Битола, Прилеп, Струга, Кавадарци, Крушево, Струмица, Гостивар, Куманово, Штип, Делчево, Неготино, Велес, Македонски Брод, Дебар, Крива Паланка, Тетово, Св.Николе, Радовиш, Кичево, Могила.) Во Скопје филмот ќе се прикажува во кината „Милениум" и во „Синеплекс".

Иницијатор на проектот „Катавеј онлајн и офлајн: Нови дигитални форми за филмска дистрибуција на Балканот" е Дејан Трајкоски од „Катавеј".

Платформата „Синесквер", пак, ќе почне со работа денеска и ќе биде достапна во 13 балкански земји.
- Video on Demand е еден вид видео-библиотека во која има повеќе филмови од 13 земји од ЈИЕ. Моделот на дистрибуција е особено поддржан од Еуроимаж. Среќен сум што голем дел од македонските филмови ќе бидат достапни во секој момент, со висок квалитет. За едно евро ќе може да се гледа долгометражен филм. Во иднина филмовите на Јутјуб ќе ги нема. Што се однесува на филмот „Малиот гангстер", со задоволство информираме дека повеќе илјади деца ќе го видат во една недела. Очекуваме дека ќе го срушиме и рекордот на гледаност на еден филм во период од една недела во 22 града во земјава – рече Трајкоски.

ВОД платформите се карактеризирани како нова надеж и иднина на филмската промоција и прикажување и веќе се реалност во голем број земји од Европа и САД. Оваа ВОД платформа е единствената која прикажува филмови од овој дел на светот, и како проект беше препознаен од фондот „Еуроимаж" и поддржан финансиски, по што следеше и поддршка од Агенцијата за филм на РМ.

-Освен тоа што поддржуваме филмска продукција, Агенцијата за филм поддржува и промовирање на филмската култура, како и нови начини за кинодистрибуција не само на македонски, ами и на европски филмови. Од лани почна со работа МЕДИА дескот во Македонија и радува тоа што за многу краток период проектите што се работат од Македонија се препознаени по квалитетот, каква што е и платформата „Синесквер". Оваа платформа ќе биде промовирана и во рамките на македонскиот ден на штандот на Југоисточна Европа во рамките на Филмскиот фестивал во Кан - рече Ѓоргоска-Иливска.

Благодарение на овој проект филмофили од Југоисточна Европа ќе можат во секое време да ги гледаат бисерите на македонската кинематографија, како и филмови од целиот Балкан. На оваа „видео библиотека" отсега за целата јавност во овие 13 држави се достапни за гледање во кое било легендарните филмови како „Македонска крвава свадба", „Мис Стон", „Солунските атентатори", но и дел од поновата македонска кинематофрафија како „Тетовирање", „Панкот не е мртов", „Ова не е американски филм" како и кратки и документарни филмови. За почеток, сите филмови имаат англиски превод, а дел се преведени и на јазици од земјите од Југоисточна Европа.

Со проектот се задоволуваат и голем дел од критериумите на програмата МЕДИА, како што се филмска едукација, градење на публика, алтернативна дистрибуција...

-Во ноември кога се сретнавме повеќе претставници на канцелариите на МЕДИА, тие веднаш го истакнаа проектот на „Катавеј" за онлајн и офлајн промоција на филмовите. МЕДИА програмата е заштитен знак за квалитет. Од сто проекта, поддржуваат дваесетина, и многу значи што ние сме дел од тие малку препознаени проекти во Европа. Онлајн дистрибуцијата допрва ќе се развива во Европа – рече Владимир Стојчевски.

Компанијата „Катавеј", исто така, доби поддршка од програмата МЕДИА во делот за онлајн-дистрибуција. Агенцијата за филм го поддржува и овој значаен проект кој, за првпат во регионот, ќе обедини три држави во кои во исто време ќе има прикажување на европски детски филм синхронизиран на три јазици – во кино и на ВОД платформа. Детскиот холандски филм „Малиот гангстер" е еден од најдобрите холандски семејни филмови во последните години. Победник на најголемите филмски фестивали за деца во светот – „Синекид", „Џифони", „Оулу", фален од жирито и од публиката. Комедија со шмек на американските гангстерски филмови. Духовита ода за училишните згоди и незгоди. Филм наменет за најмладата публика од 8 до 14 години и сите што сакаат одлична комедија.

На овој начин се очекува филмот да достигне до поголем број гледачи комбинирајќи кино и онлајн дистрибуција. Овој смел бизнис модел се очекува да поттикне провокативни идеи и методи за промоција на филмовите на Балканот и пошироко.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари