Изложба на цртежи

"Омаж за тебе" на Илијевска

Се работи за корпус од дела поставени на седум пункта, тематски и стилски поврзани со еден концепт којшто во себе вклучува цртеж, објект и просторна интервенција.

Во Центарот за култура "Трајко Прокопиев" - Куманово вечерва со почеток во 20 часот ќе се отвори изложба на цртежи со наслов "Омаж за тебе" од авторката Валентина Илијевска.

Се работи за корпус од дела поставени на седум пункта, тематски и стилски поврзани со еден концепт којшто во себе вклучува цртеж, објект и просторна интервенција. Објектите се поставени на постаменти во простор при што носечкиот елемент е стилизирана фортификација изработена од картон поставена на шаховска табла.

"Фортификацијата" е во вид квадрат отворена од горе со сина коцка ставена во центарот, лесна за визуелна детекција иако со мали димензии, благодарение на шаховската табла којашто е комбинирана со парчиња од стакло-огледало.

На сите четири страни се поставени цртежи работени со туш и молив, на прв поглед правејќи илузија дека се работи за мали графички листови. Иако мали по димензии, цртежите се доста инспиративни и во себе носат универзални пораки...

Поврзани

Најнови вести

Коментари