Во КИЦ-Скопје

"Огнена земја" од Емил Шулајковски

Со оваа изложба Шулајковски го одбележува јубилејот 25 години ликовно творештво, а на неа ќе бидат изложени 45 слики изработени во маслена техника создадени во последните три години.

Во изложбените салони "Империјал 1 и 2" при Културно-информативниот центар - Скопје отворена е самостојната изложба на академскиот сликар Емил Шулајковски насловена "Огнена земја".

Со оваа изложба Шулајковски го одбележува јубилејот 25 години ликовно творештво, а на неа ќе бидат изложени 45 слики изработени во маслена техника создадени во последните три години.

"Формите" и композициските структури на Емил Шулајковски се "градени" или произлегуваат од визуелната перцепција, односно препознавањето на општи облици или конкретни мотиви (форма или портрет или фигура, композиции, женско тело...) кои се трансформираат во своевидна апстрактна фигурација...", вели кустос Маја Чанкуловска-Михајловска во текстот на каталогот за изложбата на Шулајковски.

Поврзани

Најнови вести

Коментари