Во Велес

Објавена збирката „Златен меч на времето"

На 262 страници збирката нуди тематски определен панорамски преглед на извадоци од творештвата на голем број македонски поети од различни генерации и стадиуми од развојот на македонската книжевност

Збирката „Златен меч на времето: поезија за Велес и велешани" излезе од печат во издание на Академски печат и Клубот на писатели „Коста Солев Рацин" од Велес.

На 262 страници збирката нуди тематски определен панорамски преглед на извадоци од творештвата на голем број македонски поети од различни генерации и стадиуми од развојот на македонската книжевност, почнувајќи од Јордан Хаџи Константинов - Џинот, Рајко Жинзифов, Петар Поп Арсов и Димитрија Чуповски, продолжувајќи со Кочо Рацин, Ганчо Хаџи-Панзов и Коле Неделковски.

Во книгата се поместени и извадоци од дела од Блаже Конески, Венко Марковски, Гане Тодоровски, Јордан Плевнеш, Михаил Ренџов, Тодор Чаловски, Панде Манојлов, Радован Цветковски, Тихо Најдовски, Ристо Јачев, Лиле Арсова, Павлина Климкар- Меанџиева, Катица Ќулавкова, Васил Тоциновски и дела од современите поети од најновите генерации Стефан Марковски, Димитри Соле Љубин, Игор Крајчев и Марина Мијаковска.

Трудот "Златен меч" на времето претставува еден можен обид за испишување лирска историја за Велес и за неговите луѓе".

Поврзани

Најнови вести

Коментари