Во јули 2017

Ново продолжение на франшизата "Планета на мајмуните"

Во главните улоги ќе ги гледаме Вуди Харлсон, Стив Зен и Енди Серкиз, кој го гледавме и во последните две продолженија од овој филм.

Новото продолжение на франшизата "Планета на мајмуните" пред публиката ќе се најде во јули 2017 година. Во третиот дел од популарната, блокбастер франшиза, заедницата на генетски модифицирани мајмуни кои ги предводи интелигентниот шимпанзо Цезар, влегува во крвава пресметка со војската луѓе предводени од немилосрдниот Полковник.

По незамисливиот пораз со кој се соочува заедницата мајмуни, Цезар доживува несреќа и ја ослободува својата мрачна страна, која раѓа желба за борба која ќе ја одмазди неговата раса. Во крајна линија, неизбежната пресметка помеѓу Цезар и Полковникот доведува до очекувана војна која ќе ја одреди судбината на луѓето, на мајмуните и на целата планета.

За режисерот на филмот Метју Ривс ова е второ продолжение од "Планетата на мајмуните", на која работи и признава дека неговата желба и ентузијазам спрема оваа приказна не згаснуваат.

Ривс откри дека пред почетокот на пишувањето на сценариото, ги погледнал сите делови повторно, а особено филмот од 1973 година "Битката за планетата на мајмуните#, кој беше основа за новото продолжение.

Во главните улоги ќе ги гледаме Вуди Харлсон, Стив Зен и Енди Серкиз, кој го гледавме и во последните две продолженија од овој филм.

Поврзани

Најнови вести

Коментари