Смена

Нови в.д директори во повеќе национални културни установи

Владимир Ангелов, е назначечен за вршител на должност директор на Национална установа Кинотека на Македонија Скопје. Тој доаѓа на оваа позиција на местото на Бошко Грујоски, кој беше директор на оваа установа.

Методија Велевски е новиот в.д. директор на Национална установа Приридно-научен музеј на Македонија Скопје, а доаѓа на местото на Ивица Заркадов, кој досега ја извршуваше функцијата вршител на должност директор на оваа установа.

Весна Петрушевска, пак, е назначена за вршител на должност директор на Конзерваторскиот центар-Скопје. Од оваа функција разрешена е Мирка Илоска.

Арсим Рамадани е назначен за вршител на должност директор во Национална установа – Филмски центар Вардар филм Македонија – Скопје. Претходно оваа функција ја извршуваше Димитар Попов.

Владимир Ангелов, пак, е назначечен за вршител на должност директор на Национална установа Кинотека на Македонија Скопје. Тој доаѓа на оваа позиција на местото на Бошко Грујоски, кој беше директор на оваа установа.

Поврзани

Најнови вести

Коментари