Во кино "Милениум"

"Ноктурама" - контроверзен трилер за тероризам

Филмот "дигна прашина" и изнуди различни реакции на премиерата што ја имаше минатата година на филмскиот фестивал во Торонто, само 10 месеци по терористичките напади на главниот град на Франција.

Филмското остварување "Ноктурама", од режисерот Бертран Бонело, провокативен портрет на париските терористи на модерното време може да се види и во кино "Милениум". Филмот детално следи група млади луѓе, уморни од општеството во кое живеат, додека планираат и извршуваат серија терористички напади во Париз.

Тие не се класични екстремисти, туку луѓе од различно потекло, што го прави овој филм контроверзен. Филмот "дигна прашина" и изнуди различни реакции на премиерата што ја имаше минатата година на филмскиот фестивал во Торонто, само 10 месеци по терористичките напади на главниот град на Франција.

Индиваер го оцени филмот како "портрет на радикално насилство, кое нема сличности со тероризмот каков што го познаваме, но сепак на моменти делува многу реално". Во главните улоги се Финеган Олдфилд, Винсент Ротије и Хамза Мезијани.

Олдфилд истакнува дека идејата за филмот не била тероризмот, туку побуната на младите слична на онаа од 1968 година. Според него, сценариото за филмот е напишано во 2015 година, но по настаните во Париз во 2015-та, за филмот се говори од поинаква перспектива.

Поврзани

Најнови вести

Коментари