Серијата која ја гледаат милиони...

Неверојатните локации на кои се снимаше ултрапопуларната "Игра на тронови"

Седмата сезона на ултрапопуларната серија "Игра на тронови" наголемо се прикажува, а една од главните причини зошто многу луѓе не можат да ја дочекаат наредна епизода, освен одличната приказна и интересни ликови, се дестинациите на кои се снимаше серијата. "Игра на тронови" ја доживеа премиерата на седмата сезона во средината на јули, но успеа да надмине многу рекорди на мрежата на ХБО. Првата епизода беше следена од повеќе од 25 милиони луѓе. Од тие причини се потсетуваме на атрактивните локации каде што е снимана, а кои би можеле и да ги посетиме.

Замок Вард, Северна Ирска

Дворецот Карнкесл и замокот Вард беа локации каде што се снимени сцени со Старкови во Винтерфел (или Зимоврел), а за потребите на снимањето на Црниот замок бил искористен каменоломот Магераморн. Во истиот каменолом е снимана и сцената од битката во Хардхом (кога Белите одачи ги масакрирале Дивлјаните). Повеќето од локациите се наоѓаат во источниот дел на Северна Ирска, и се идеална опција за еднодневен излет.

Дубровник, Хрватска

Откако серијата почна да се емитува, првото прашање на странските туристи не е поврзано со убавината на овој град, туку "А каде е снимена Игра на тронови?".
Серијата во Дубровник се снима од 2011 година, а токму тука се наоѓа измислениот град на седумте кралства. Богата и добро зачувано културно и архитектонско наследство на Дубровник совршено се вклопи во средновековниот контекст на серијата. Гледано од оваа перспектива, тешко може да се замисли подобра локација.

Планина Атлас, Мароко

Одите по стапките на принцезата Денерис Таргарјен на Атлас планината, додека во позадина гледате излез во Тесно Море. А додека сте тука најдобро е да уживате во прекрасната природа, локалната храна и дружењето со членовите на селото на Бербери.

Рејкјавик, Исланд

Областа надвор од Ѕидот, каде што во серијата се сместени Дивлјани, не можело да биде снимано на подобра локација. Преубавата снежна и ледена дивина и магичната поларна светлина од Исланд во последните неколку години направија респектабилна туристичка дестинација. Термалните базени опкружени со снег веројатно се една од највозбудливите работи што некогаш ќе ги доживеете.

Маракеш, Мароко

Битни работи за серијата се снимени во оваа држава во северниот дел на африканскиот континент. Маракеш беше "дом" за градовите од Заливот на робовите ослободени од Денерис. Меѓу нив се Астапор, Пентос и Јункаи.

Сан Паталео, Сардинија

Ова мало село на популарниот италијански остров е уште една локација каде што е снимана серијата "Игра на тронови". Опкружено е со планини, што му дава еден магичен изглед.

Калабрија, Италија
"Мајката на змејови" Денерис Таргарјен е најзастапена на оваа листа, а Калабрија, поточно нејзината тврдина Ле Кастела е искористена како место за робовладателскиот Астапор од серијата. Тиркизното сино море на Јонското крајбрежје е веројатно една од причините што продуцентите на серијата ја избраа оваа локација.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари