ВО НАЈНОВИОТ БРОЈ НА СПИСАНИЕТО МАКЕДОНИЈА

Непознати документи за Македонија од Архивот на Тито

Досега непознати документи кои се однесуваат на Македонија, а потекнуваат од Архивот на Јосип Броз Тито, се објавени во најновото издание на списанието "Македоника". Изданието содржи и нови сознанија за грчката вооружена дејност во Македонија по Илинденското востание, за Пајсиј Хилендарски и Македонија, за дејноста на Жинзифов, една беседа од Григор Прличев...

Како главна тема е поместен и обемен извадок од досега необјавените спомени на Павел Шатев.
"Спомените набргу ќе бидат објавени интегрално во посебно издание на Македоника", како еден од осумте тома од досега необјавената пишана, пред се, историографска, оставина на познатиот македонски револуционер и национален деец. Освен извадокот од спомените на Шатев, во списанието е објавен и текст на Предраг Димитровски за оставината на Шатев, но и за некои контроверзи поврзани со него", велат од издавачот "Македоника литера".

Во овој број на списанието, за првпат на македонски јазик, е објавен и дел од најобемната и најбогатата книга досега напишана од странец за Македонија, книгата Македонија - предел и култура на живеење" од германскиот научник и истражувач на Македонија Леонард Шулце - Јена, кој земјава темелно ја проучувал за време на Првата светска војна. Пригоден текст за Шулце - Јена има Волф Ошлис, кој авторот на книгата го нарекува германски откривач на македонскиот јазик".

Поврзани

Најнови вести

Коментари