По 131 година, научниците ја утврдија локацијата

Наскоро во Нов Зеланд ќе биде откриено изгубеното 8. светско чудо?!

Се работи за розовите и бели тераси на езерото Ротомахана на Северниот остров, кои биле голема туристичка атракција во 19 век, а кои исчезнале во вулканската ерупција во 1886 година

Научниците веруваат дека ја откриле локацијата на розовите и бели тераси на езерото Ротомахана на Северниот остров на Нов Зеланд, кое како што велат претставува изгубено "осмо светско чудо".

Местото било голема туристичка атракција на почетокот во 19 век и на кое доаѓале луѓе од далеку за да го видат, се верува дека било уништено од вулканската ерупција која се случила во јуни 1886 година. Потоа никој веќе не можел да го пронајде просторот на кое некогаш се наоѓале, бидејќи точните координати не биле никаде запишани, пренесуваат светските медиуми.

"Многу одамна, пред 1886 година, сите кои доаѓаа до овој дел од светот, патуваа до езерото Ротомахана, кое се наоѓа во сенката на планината Таравера, во посета на розовите и бели тераси, едни од најголемите природни чуда во Нов Зеланд", пишува Смитсонијан.

За среќа во 2010 година библиотекарот Саша Нолден во швајцарскиот град Базел го пронашол одамна изгубен дневник, кој му припаѓал на Фердинанд фон Хохштетер, славен геолог кој работел на истражувањето на земјиштето на Нов Зеланд, а во кој била опишана локацијата на терасите. Меѓутоа, езерската област по неговиот престој во Нов Зеланд драстично се променила, поради ерупцијата на вулканот Таравера.

По пронаоѓањето на дневникот, научниците користеле разни сложени геолошки методи во потрагата.
"Во последните 12 месеци минавме 2.500 часа во барање на терасите. Уверени сме дека ја пронајдовме точната локација. Поблиску сме отколку кој било друг во последните 130 години#, вели Рекс Бан, член на експедицијата.

Научниците кои својата работа ја објавиле во "Журнал на Кралското друштво на Нов Зеланд# пишуваат дека терасите најверојатно биле прекриени со пепел во текот на ерупцијата и дека лежеле барем 10 до 15 метри под површината на тлото покрај езерото.

Иако се смета дека вулканот ги уништил, Нолден и Бан веруваат дека се недопрени, иако за тоа немаат доказ.

Тие сметаат дека повторно би можеле да бидат заштитен знак на Нов Зеланд, а во потрагата имаат поддршка од локалното племе Тухуранги.

Истражувачите веќе добија и финансиска поддршка за составување на тимот кој ќе работи на ископувањата.
Доколку ова чудо на природата навистина постои и биде откриено, тоа ќе претставува голем поттик за развој на туризмот во оваа област.

Поврзани

Најнови вести

Коментари