Признание "Живко Чинго"

Награда за расказот "Во рогот на волот"

Во образоложението за наградата се вели дека расказот се издвоил со својата извонредна наративна изведба поигрувајаќи се со парадигмите на надреалистичкото искуство притоа актуелизирајќи ја Македонија како простор и крстосница на луѓе, времиња и народи.

"Во рогот на волот" е наслов на расказот кој годинава е добитник на наградата која општина Охрид ја доделува во чест на писателот Живко Чинго.

Во образоложението за наградата се вели дека расказот се издвоил со својата извонредна наративна изведба поигрувајаќи се со парадигмите на надреалистичкото искуство притоа актуелизирајќи ја Македонија како простор и крстосница на луѓе, времиња и народи.

На годинашниот конкурс до Комисијата пристигнале 58 наслови од кои покрај наградената во потесен избор за лауератот влегле уште и расказите "Црешата на Цар Самоил" на авторот потпишан со шифра "Тајна историја" и расказот "Мрежата на Мамли или кој го обра бостанот" под шифра "Ну погоди".

Наградата на годинашниот лауерат ќе му биде доделена на манифестацијата "Вечери на Чинго" која на 13 август ќе се одржи во село Велгушти, родното место на Чинго.

Поврзани

Најнови вести

Коментари