ВО СУБОТИЦА

Награда за македонски театар за деца

На 19. Меѓународен фестивал во Суботица, Театарот за деца и младинци од Скопје ја освои престижната награда за колективна актерска игра. Ова признание е добиено во конкуренција на 24 претстави од 15 земји од светот, и тоа за претставата "Волшебникот од Оз", во режија на проф. Боњо Лунгов.

Во претставата играат актерите Нина Гачиќ, Драган Довлев, Ана Левајковиќ, Тања Кочовска, Марија Ѓорѓијовска, Петар Стојковиќ, Мартин Јорданоски и Ефтим Трајчов.

Поврзани

Најнови вести

Коментари