Од денеска до 18 август

На Филмскиот фестивал во Сараево 235 филмови

Наградата „Почесно срце на Сараево" ќе ја добие режисерот Оливер Стоун, како и актерот Џон Клис, за исклучителен придонес во филмската индустрија.

На дваесет и третото издание на Сараевскиот филмски фестивал (СФФ) кое започнува денеска во Сараево, Босна и Херцеговина, и ќе трае осум дена, поточно до 18 август, ќе бидат прикажани 235 играни, докуменарни и кратки филмови во 18 програми.

Фестивалот ќе биде отворен со филмот „Другата страна на надежта". На СФФ ќе биде промовирана и новата српска тв-серија на Драган Бјелогрлиќ „Сенки над Балканот" која се снимаше на локации во Преспа и Битола. Еден од копродуцентите на серијата е и македонското „Скопје филм студио".

Наградата „Почесно срце на Сараево" ќе ја добие режисерот Оливер Стоун, како и актерот Џон Клис, за исклучителен придонес во филмската индустрија.

Поврзани

Најнови вести

Коментари