Музичко-издавачки центар

"Musica Volat" - нова книга од Коловски

Со оваа книга, десетта самостојна во неговиот огромен музиколошки опус, истакнатиот македонски музиколог го заокружува својот шеесетгодишен јубилеј.

Во издание на Музичко-издавачкиот центар - МИЦ излезе од печат новата книга есеи на музикологот Марко Коловски, со наслов Мусица Волат (Есеи за македонската музика 2).

Со оваа книга, десетта самостојна во неговиот огромен музиколошки опус, истакнатиот македонски музиколог го заокружува својот шеесетгодишен јубилеј.

Есеите за македонската музика, всушност, се продолжение на сличната публикација на авторот од 2009 година, со која тој прави значаен придонес во пишувањето на интегралната историја на македонската музичка култура.

Книгата опфаќа шест есеи во кои преовладува истражувачки и аналитички дух и кои се посветени на личности, појави и процеси во македонската музика што во мала мера или воопшто не биле предмет на третман на музикологијата кај нас.

Поврзани

Најнови вести

Коментари