СО КОНЦЕРТИ И ПРЕДАВАЊА ВО КАНАДА

Мјузик прогресив ја промовира македонската музика

Македонскиот камерен ансамбл Мјузик прогресив квартет по четврти пат реализира успешни концерти и предавања на Северноамериканскиот континент, преку кои ја промовира и македонската музика. По покана на симфонискиот оркестар "Вест Коуст" од Ванкувер, Канада, камерниот квартет во овој град реализираше два концерта.
Покрај концертите со Вест Коуст симфони", квартетот имаше концертен настап и одржа музичка работилница на тема Македонска музика и неправилните ритмови" за учениците на училиштето Св. Џон од Ванкувер, како и два концертни настапи во центарот Арт Хаус" и познатиот џез клуб Лусид". Последен на агендата на нивната десетдневна турнеја ќе биде настапот во џез клубот "Селерс" во Ванкувер, каде што квартетот ќе го промовира материјалот од нивниот најнов носач на звук Дриминг".
Соработката на македонскиот квартет и канадскиот оркестар датира од 2012 година, кога членовите на квартетот настапија како солисти со овој оркестар на нивната балканска турнеја на Фестивалите Скопско лето", Штипско Културно лето", Битфест" и Кочани - Град на културата на РМ. За овие концертни настапи, квартетот Мјузик прогресив" се здоби со наградата Виртуози" за најдобар камерен ансамбл во 2012 година, награда која се доделува за годишни остварувања во класичната и современата музика во РМ и е под покровителство на Министерството за култура и во организација на Сојузот на Композитори на РМ.
Во Мјузик прогресив квартет членуваат обоистот Владимир Лазаревски, виолинистот Владимир Крстев, композиторот и виолист Марко Виденовиќ како и челистот Паскал Краповски. Главна идеја и воедно движечка сила на овие млади музичари беше да донесат нов звук на светската музичка сцена, презентирајќи го успешно македонскиот традиционален фолклор со влијание на модерниот џез.

Поврзани

Најнови вести

Коментари