Во кината од 18. јануари

Мет Дејмон во најновиот филм висок само 10 сантиметри

Филмот зборува за тоа што ќе се случи, како што норвешкиот научник открил, ако постои формула која ги намалува луѓето на височина од 10 сантиметри. Така намалени, луѓето сфаќаат колку изнесуваат трошоците на животот во новото опкружување.

Сите се сеќаваме на познатиот филмски хит "Драга, ги намалив децата", а сега на иста тема е и новата комедија "Намалување" со Мет Дајмон на главната улога.

Со ветување дека ќе има подобар живот, еден сосема обичен човек, Пол (Мет Дејмон) со сопругата Одри (Кристин Виг) донесува одлука да се откаже од својот живот во Омаха, да се намали и пресели во новата, мала заедница. Тој избор предизвикува лавина на нови предизвици и животни авантури.

Во филмот кој во киносалите стигнува на 18-ти јануари ќе играат и Кристоф Волц и Хонг Чау.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари