Гостување

Македонски поети на Борина недела

Во слава и чест на познатиот автор на Коштана, Нечиста крв и други познати и значајни дела, од 23 до 29 март, Врање по 50-ти пат ќе биде домаќин на голем број истакнати писатели од Србија и странство.

Македонските поети Христо Петрески, Јордан Ѓорчев и Трајче Кацаров, ќе бидат учесници на педесеттата манифестација Борина недела, која традиционално се одржува во Врање (Србија) - родното место на знаменитиот писател Борисав Станковиќ.

Во слава и чест на познатиот автор на Коштана, Нечиста крв и други познати и значајни дела, од 23 до 29 март, Врање по 50-ти пат ќе биде домаќин на голем број истакнати писатели од Србија и странство.

Годинашната манифестација Борина недела слави три јубилеи: 50 години на манифестацијата, 140 години од раѓањето на Борисав Станковиќ и 25 години од востановувањето на Борина награда.

Честа да учествуваат и настапат, македонските поети ќе ја имаат на самото свечено отворање кое ќе започне со претставување на современата српска и македонска поезија, односно со настап на српски и македонски поети.

Поврзани

Најнови вести

Коментари