Новиот музички храм - подготвен за музичка магија!

Македонската филхармонија, Трпчески и Ашкенази најавија концерт за паметење

"Нашиот град и нашата држава заслужуваат да имаат ваква сала, бидејќи, од една страна, има луѓе кои со сето свое срце ја сакаат музиката и токму затоа ова ќе биде храм на музиката, а, од друга страна, најсреќни се членовите на Филхармонијата кои добиваат свој дом во кој ќе ја подготвуваат магијата и ќе бидат инспирирани за понатамошни достигнувања#, вели Трпчески. Тој додаде дека е почестен што е поканет да свири на отворањето в недела и што соработува со врвен музичар како што е маестро Ашкенази

Македонската филхармонија, нашиот светски етаблиран пијанист Симон Трпчески и маестро, рускиот диригент Владимир Ашкенази и официјално најавија концерт за паметење за отворањето на новиот музички храм во Скопје, настан што ќе се случи в недела во 19 часот.

Новиот објект на Македонската филхармонија свечено ќе биде отворен токму со ексклузивен концерт на кој оркестарот на оваа национална институција ќе настапи заедно со Трпчески како солист и под диригентско водство на Русинот Ашкенази, кој е еден од најпрестижните и најбараните диригенти на сите времиња.

Публиката, пак, ќе има можност да ужива во звуците на Свитата бр. 2 од балетот "Лабин и Дојрана" од еден од основоположниците на македонската музичка култура Трајко Прокопиев, Концертот за клавир и оркестар бр. 3 од Сергеј Прокофјев во изведба на Трпчески, како и во грандиозната Петта симфонија од рускиот великан Петар Илич Чајковски.

"Ја поздравувам идејата и усилбите на сите инволвирани во реализацијата на идејата да се создаде еден ваков објект. Нашиот град и нашата држава заслужуваат да имаат ваква сала, бидејќи од една страна има луѓе кои со сето свое срце ја сакаат музиката и токму затоа ова ќе биде храм на музиката, а од друга страна најсреќни се членовите на Филхармонијата кои добиваат свој дом во кој ќе ја подготвуваат магијата и ќе бидат инспирирани за понатамошни достигнувања#, вели Трпчески. Тој додаде дека е почестен што е поканет да свири на отварањето и што соработува со врвен музичар како што е Ашкенази, со кој досега работел во два наврати во Лондон и Сан Франциско. Тој додаде дека се надева концертот на кој ќе биде изведена инспиративна музика да остави убав впечаток кај публиката.

Маестро Ашкенази исто така го истакна своето задоволство од учеството на концертот и инспирацијата што ќе свири во една земја која е исто така славјанска и во која се пишува со кирилично писмо. Тој исто така посочи дека е мпресиониран од новата сала во која има добра акустика, и се слуша добар звук.

Директорката на Македонската филхармонија Маја Чаначевиќ, пак додаде дека публиката може да очекува магичен концерт.

"Програмата е конципирана така што имаме дело на македонски композитор, а Прокопиев е еден од основачите на Македонската филхармонија. Исто така и останатиот дел од програмата е избран со цел на најдобар начин да се претстават и солистот и оркестарот преку музиката која е добро позната и популарна меѓу љубителите на класичната музика", додаде Чаначевиќ.

Своето задоволство од отварањето на салата на Филхармонијата и учеството на дбвајца врвни уметници го искажа и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која додаде дека новата сала е грандиозен објект изграден според светски стандарди.

"Горда сиум и одушевена од новиот објект кој ќе биде ставен во функција на сите нас, на музичарите и кој ќе даде можност за присуство на уметници од целиот свет", истакна Канческа -Милевска.

Инаку, новиот објект, е изграден по идејното решение на архитектот Виктор Михајлов и е разработен како основен и изведбен проект од проектантската куќа "Македонија проект#. Се протега на површина од 12.400 метри квадратни и се одликува со модерен изглед и архитектонски и акустични карактеристики по сите светски стандарди. Располага со голема сала со капацитет од 1.000 места и студио за режија и мала, повеќенаменска сала со капацитет од 310 места од кои 168 се фиксни седишта, 110 се телескопски и 32 се мобилни седишта. Во објектот се изградени и посебни простории за вежбање на солистите и индивидуалните групи, како и придружни и административни простории, сите функционално поврзани на три нивоа. Објектот поседува и кафетерија, музичка продавница и паркиралиште за вработените.

Овации за "Македонисимо" на Трпчески во Германија

Проектот "Македонисимо" на Трпчески премиерно претставен на престижниот Фестивал во Лудвигсбург беше награден со овации од германската публика.

Трпчески освен на пијано свиреше и на хармоника, па дури и запеа.
Бувчанско, Малешевка, Црногорка, Беранче, Велигденско, Пелистерско, Поступано, но и Филка мома, Чие е она девојче... во препознатливите македонски ритми аранжирани од Панде Шахов беа изведени заедно со тимот во чиј состав учествуваа и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов од Бугарија на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и на кавал и Влатко Нушев -удиралки.

Проектот или "ептен македонско#, како што во шега знае да каже Трпчески, имаше одличен прием, а веќе е закажана и првата реприза на "Македонисимо".
Честа следна да го слушне овој проект ќе ја има словенечката публика на 6 јули во Љубљана.

Поврзани

Најнови вести

Коментари