Стрип

Македонци во „Парабелум"

Традицијата на објавување на стрипови на македонски автори во босанскиот стрип-магазин продолжува и во неговиот најнов број, кој според издавачот „Деветта димензија", здружение на стрип-автори и стрип-љубители од Република Српска, се очекува да излезе во најскоро време.

Сценаристот Александар Стеванов од Штип и цртачот Дарко Богданов од Виница со стрипот „Се што е слатко трае кратко", се застапени се меѓу шеесетина автори во престижниот стрип-магазин „Парабелум".

Традицијата на објавување на стрипови на македонски автори во босанскиот стрип-магазин продолжува и во неговиот најнов број, кој според издавачот „Деветта димензија", здружение на стрип-автори и стрип-љубители од Република Српска, се очекува да излезе во најскоро време.

Во досегашните седум броеви на овој најобемен балкански стрип-магазин, свои дела имаат објавено повеќе македонски автори, меѓу кои Весна Ничевска, Јордан Коцевски, Јован Секулоски и други.

Поврзани

Најнови вести

Коментари