„Кожа" за старт на новата сезона на Скопје танцовиот театар

Претставата е составена од три кореографии: „Котел" на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски; „Погрешно" на Адријана Данчевска, музика „Верка" и „Истиот извор" на Матеа Киселичка, избор на музика.

Со претставата „Кожа" која ќе се одржи вечерва во Македонскиот народен театар (20 часот), Скопје танцовиот театар ќе ја отвори сезоната 2017/2018 година.

Претставата е составена од три кореографии: „Котел" на Рисима Рисимкин, на музика на Тони Китановски; „Погрешно" на Адријана Данчевска, музика „Верка" и „Истиот извор" на Матеа Киселичка, избор на музика.

Костимите за сите три кореографии ги направи Блајој Мицевски. Во претставата настапуваат танчерите на Скопје танцовиот театар: Александра Петрушевска, Јакуб Мунко, Матеа Киселичка, Адријана Данчевска, Дејан Битровски, Јована Зајкова и Сара Цветковска, како и гостите од Националниот балет од Приштина: Синан Кајтази, Фисник и Ники Мусоли.

„Со оваа претстава започнуваме една исклучително богата сезона, бидејки веќе од следната недела старуваме со програмата низ Македонија, со која сакаме да опфатиме што поголем број на публика и да ја презентираме нашата уметничка работа низ повеќе градови", изјавуваат од Скопје танцовиот театар од каде посочуваат дека „на 9 февруари 2018 година ќе настапат на престижниот Holland Dance Festival, што претставува прво вакво гостување на компанија од Македонија, на извонредно високо ниво и во рамките на фестивал кој во театарската уметност може да се компарира со фестивалите во Единбург и Авињон".

Скопје Танцов Театар е првата компанија за современ танц во Македонија, предводена од Рисима Рисимкин, како оснивач и уметнички директор, која активно работи, во континуитет на создавање, промоција и презентација на современата танцова уметност кај нас, како и нејзин пласман на европската танцова сцена. Зад себе, Скопје танцовиот театар има повеќе целовечерни продукции, и тоа: „Меѓусвет"; „Орландо"; „Човек во ходникот";„ХОТ"; „Потрага", серијата представи под име „ИМПУЛС", потоа „О!(тело), „СМС (сите мои слики)", „Блесок", „Кожа". Во неговиот репертоар, покрај делата на Рисимкин, се изведуваат дела на короеграфите: Џенис Бренар, Шон Скантелбјури, Њујорк, САД; Џоан ван дер Маст, Нил Вердрун, Тим Персент, Холандија; Катцура Кан, Јапонија.

 

Поврзани

Најнови вести

Коментари